Викендов во Ресен започнува „Преспанскиот јаболкобер“

0
936

Во чест на јаболкото и отпочнување на бербата на јаболка, Општина Ресен  ја организира манифестацијата

„Преспански Јаболкобер“, која опфаќа активности од областа на земјоделие, култура, туризам,уметноста и спортот.

14375464
Оваа манифестациja е поврзана со празнувањето на Православниот христијански празник Крстовден и воедно претставува традиционален почеток на бербата на јаболката во Преспа.

По повод годинешниот Преспански Јаболкобер, кој ќе се одржи од 25-ми до 27-ти септември, Општина Ресен ќе биде домаќин на бројни гости и официјални лица од различни држави, како и лица кои го остваруваат својот интерес во областа на јаболковото производство и туризмот.