Викиликс ги добил хакираните мејлови на шефот на ЦИА, ќе ги објави „за кратко време“

0
203

Викиликс ја добил содржината на мејловите на шефот на ЦИА Џон Бренан, соопшти денеска оваа организација посветена на разоткривање на вистината, велејќи дека за „кратко време“ ќе ги објави.

Претходно неделава американски хакери-тинејџери со пропалестински ставови тврдеа дека пробиле во личните мејл-адреси на врвните американски безбедносни претставници, меѓу кои и директорот на ЦИА Бренан.

Некои од наводните документи на Бренан беа постирани на Твитер, со наводно изменети делови од нив, објавени од хакерот под корисничко име „cracka“.

Освен мејловите на шефот на ЦИА, тинејџерот тврдеше дека влегол во личниот АОЛ-профил на Бренан, кој содржел лична апликација на Бренан со највисок безбедносен пристап до сè.

ФБИ и Тајната служба соопштија дека ја истражуваат ситуацијата