Викиликс ќе објави документи за Турција

0
245

Викиликс соопшти дека планира објава на документи за структурите на политичката моќ во Турција после пропаднатиот обид за пуч во таа земја минатиот викенд.

„Подгответе се за борба кога објавиме повеќе од 100 000 документи за структурите на политичката моќ во Турција“, напишано е на Твитер профилот на Викиликс пренесе Ројтерс.

Властите во неделата соопштиле дека се приведени околу 6000 војници додека се издадени 3000 налози за апсење на претставници на правосудството после обидот за пич во кој настрадале 290 лица, од кои 100 пучисти.

Ердоган синоќа спомена и можност за повторно воспоставување на смртната казна која официјално е укината од 2004 година во рамки на кандидатурата за членство во Европската унија.

Тие мерки спроведени после неуспешниот пуч предизвикале загриженост на западните земји кои ја повикаа Туријца да го почитува владеењето на правото и уставниот поредок како и да се воздржи од можни општи репресии во земјата.

Ноќта на 16 јули имаше обиде за воен пуч во Турција, со главните судири кои се одвиваа во Анкара и Истанбул.

Турското државно водество во меѓувреме објави дека пучот е загушен, а според последните информации 290 луѓе во текот на него се убиени, а 1440 лица се повредени.