Вила Виста -ресторан пицерија во подножјето на Пелистер

0
2292

Во подножјето на Пелистер, се отвори ресторан пицерија- Вила Виста. Со капацитет од 200 седишта и тераса со извонреден поглед на нашиот прекрасен град а воедно и кон природата на Баба планина, која фасцинира со својата недопрена убавина и притоа е рај за очите и душата, вила Виста, нуди единствени кулинарски доживувања.

Без разлика дали гостите се за семеен или деловен ручек или вечера, секогаш ќе бидат топло пречекани од професионален персонал, подготвен да одговори и на најпребирливите вкусови.

Vila_Vista_-_4.jpg

Капацитетот овозможува и организирање на семејни веселби како и деловни или коктел забави.

Професионалниот персонал воедно ги следи и сите светски нови угостителски трендови и е подготвен истите да ги имплементира во вила Виста и да одговори во секој момент на поспецифичните барања на гостите.

Vila_Vista_-_3.jpg

Во вила Виста, посетителите ќе ги задоволат своите гурмански потреби, преку највусните специјалитети.Ова е место каде може да се најде првокласна храна и беспрекорна услуга, каде гостите ќе уживаат со нивното семејство, пријатели или бизнис партнери.

Љубезниот персонал ќе ги води гостите низ богатото мени и ќе им помогне воедно во избор на најдобрите пијалоци.

Vila_Vista_-_1.jpg

Гостите имаат можност да поминат прекрасни моменти во овој пријатен амбиент, опкружени со убавините на природата, на терасата или современо опремениот ентериер. Вила Виста се наоѓа на подножјето на Пелистер, на патот за Нижо Поле.