Вирџинија Раџи стана првата градоначалничка на Рим

0
670

37-годишната адвокатка победи затоа што отворено прозборе против корупцијата и разорените јавни служби во италијанскиот главен град, поразувајќи го Роберт Џакети од Демократската партија на премиерот Матео Ренци, вели Индипендент.

Овие локални избори се сметаа за тест на популарноста на Ренци.

Раџи, адвокатка и локален одборник, успеа за само неколку месеци од предизборната кампања да излезе од анонимноста и да стане едно од најпознатите лица на италијанската политика.

Таа во првиот круг освои 35,2 отсто од гласовите, оставајќи го зад себе кандидатот на партијата на Ренци благодарение на кампањата во која се залагаше за укинување на привилегиите на функционерите и за борба против корупцијата.

Победата на оваа фотогенична бринета претставува голем удар за премиерот Ренци, истакнуваат аналитичарите.

Демократската партија на Ренци (ПД) во првиот круг на локалните избори, на кои се избираат градоначалници на поголемите италијански градови, претрпе неуспех.

Меѓу 126-те града, во кои се одржуваше вториот круг на изборите, бидејќи ниту еден кандидат во првиот круг не ги освои потребните 50 отсто од гласовите, се четирите најголеми градови во Италија.