Вирусот Покемон почнува да ја зафаќа и Македонија

0
2462

Светска хистерија со мобилна апликација, каде го ловите покемон, игра што вирусно се пренесува.Покемоните не се кријат само во големите градови, туку и по ниви и бавчи Веќе неколку недели наназад светот го тресе новиот феномен наречен „Покемон Гоу“. Оваа игра за паметни телефони како зараза ги зафати не само младите корисници туку и постарите.За каква игра станува збор

-Се работи за една од првите мејнстрим игри со изменета реалност која стана многу популарна . Се работи за технологија која што не е нова имено е стара скоро една деценија. Бројот на инсталирани податоци се движи помеѓу 10 до 50 милиони апликации. Во Македонија званично не е достапна, но има други начини како да се инсталира, изјави Предраг Стојковски- Нова Солушнс

pokemon 2

Вирусот Покемон почнува да ја зафаќа и Македонија. Посебно во вечерните часови ќе забележиме како луѓето одат по улиците, тротоарите и стискаат нешто на своите мобилни телефони. Играат „Покемон Гоу“. Дури формиран е и настан на ФБ каде што се повикуваат граѓани да фаќаат заедно покемони . Играчите на „Покемон Гоу“ почнаа да заработуваат продавајќи ги своите профили .Играчи пак кои не сакаат да чекаат и да се замараат со потрагата на покемони, најчесто од богатите држави од Блискиот Исток, сега можат да купат PokemonGo профили за илјадници долари oд Ebay.

-Играта им овозможува на корисниците во реалниот живот да ја истражуваат околината и на одредени локации да фаќаат виртуелно суштество од играта, вид на забава, дури и корисна, која меѓутоа со себе носи и можна опасност. Играта маркетиншки е искористена добро, поточно за компанијата која ја разви целата серија, додаде Стојковски

Покемон Гоу“ ја зеде првата жртва 18-годишниот Херсон Лопез де Леон од Гватемала бил убиен бидејќи со својот братучед провалил во една куќа за да фати Покемон. Пожарникари спасувале жена која се заглавила на дрво ловејќи покемони на градските гробишта во американската држава Њу Џерси.Возачот играл „Покемон Гоу“ кога се судрил со полициско возило што било паркирано во Балтимор, САД. Луѓе во БиХ трагаат по покемони и на мински полиња, и ред други случаеви .

-Мој совет, доколку луѓето ја играат оваа игра тоа да го прават со голема опрезност, додаде Стојковски

Па од кажаното останува да го послушате советот доколку ја играте играта „Покемон Гоу“.