Вирусот Зика се пренесува преку сексуален однос

0
576

Вирусот Зика кој предизвика паника во Америка и во Европа, може да се пренесе преку сексуален однос, покажуваат новите истражувања, пренесува „Дејли експрес“.

Состојбата која е поврзана со голем број аномалии кај новороденчиња и која се прошири низ Бразил се поврзува и со сексуалните односи.

Првиот случај бил регистриран кога научниците нашле присуство на вирусот во семенскиот материјал кај 44-годишен маж од Француска Полинезија. Иако немало никакви траги од вирусот во неговата крв и урина, сепак имало траги од вирусот во неговата семена течност.

Вториот случај е регистриран во 2008-мата кога Д-р. Брајан Д Фој, експерт за болеста од Универзитетот Колорадо се заболел од вируост откако патувал во сенегал и собирал комарци за неговото проучување. Тој и еден негов колега заболеле откако се вратиле во САД.