Вирусот зика шири страв низ светот

0
415

Со предупредувањето дека вирусот зика „експлозивно се шири“, шефицата на Светската здравствена организација Маргарет Чан свика итен состанок в понеделник во Женева за да се детерминира интензитетот на оваа глобална закана. Се сомнева дека вирусот предизвикува раѓање деца со ненормално мали глави.

Случаи со ваков вирус има забележано во 23 земји во светот“, рече Маргарет Чан, додавајќи дека за прв пат се шири толку брзо откако е идентификуван во 1947 година во Уганда.

Овој вирус со децении циркулирал во Африка и Азија, а во последно време и во Јужна Америка, но никогаш не предизвикувал голема загриженост. „Ситуацијата е драматично поразлична“, оцени Чaн, наведувајќи дека нивото на тревога е екстремно високо.