Висар Ганиу од ДУИ нов градоначалник на Чаир

0
151

По прегласувањето во Општина Чаир во изборната единица 2901, според официјалните резултати на Државната изборна комисија, победи кандидатот на ДУИ, Висар Ганиу со освоени – 169 гласа. Кандидатот на БЕСА, Зеќирија Ибрахими освоил – 98 гласа.

На гласањето излегле 272-ца гласачи, односно 37,83 насто. Од ДИК информираа дека гласањето се одвивало непречено во текот на целиот ден.

БЕСА се пожали на изборни нерегуларности и обвинува дека се вршеле притисоци на граѓаните да не одат на гласање.