Вишеградската група за мигрантската криза

0
977

Министрите за внатрешни работи на земјите на Вишеградската четворка (Чешка, Полска, Унгарија, Словачка) Милан Хованец, Мариуш Блашчак, Шандор Пинтер и Роберт Калињак денеска ќе одржат состанок во Прага.

На разговорите ќе се разгледуваат актуелните прашања за внатрешната безбедност на ЕУ, конкретно реакцијата на европските земји на миграциската криза и борбата против тероризмот, со акцент на предлогот за ревизија на актуелната Директива за огнено оружје.
Според соопштението од чешкото Министертсво за внатрешни работи, на состанокот, во проширен состав со партнерите од Македонија, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, словенечката министерка Весна Жнидар и министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, ќе се дискутира за можностите за засилување на соработката во областа на миграцијата и заштитата на границите во регионот на западен Балкан.
– Состојбата во прифатните центри, т.н ,,хот спот-центри” се подобрува многу полека и незначително, што е далеку од идеално, изјави чешкиот министер за внатрешни работи Милан Хованец пред состанокот. Хованец предупреди дека ова темпо на организирање на прифатилиштата не може да одговори на очекуваниот прилив на мигранти кој може да се очекува на пролет. Според него, ,,хот спотовите” треба да почнат да функционираат што побрзо, за да можат бегалците кои доаѓаат во Европа да бидат доволно проверени дали претставуваат опасност. – Мораме јасно да декларираме дека Шенген границите не се порозни и не е тоа сито, додаде Хованец, кој додаде дека и задолжителните квоти за бегалци, кои минатата година, земјите на В4 ги одбија се ,,глупост”.

Без коментари

LEAVE A REPLY