Високиот крвен притисок „тивок убиец“

0
789

Високиот крвен притисок е една од главните причини за срцев и мозочен удар , како и бубрежна слабост. Се нарекува уште „тивок убиец“ , бидејќи најголем дел од луѓето не знаат дека имаат висок крвен притисок или пак не го третираат правилно, вака вели Д-р.Оливер Бушљетиќ, кардиолог од Аџибадем Систина. Додава дека високиот крвен притисок е „тивок убиец“ на денешниот начин на живот затоа што со тек на време пациентите се навикнуваат на високиот крвен притисок, не чувствуваат никакви тегоби се додека не се јават компликациите и последиците од нелекуваниот крвен притисок.

– Кога ќе кажеме висок крвен притисок се мисли на повеќе кратно мерење на притисок со вредност над 140 односно над 90 милиметри живин столб. Ние имаме често пациенти кои што доаѓаат и се исплашени бидејќи измериле 180 со 100 милиметри живин столб на крвен притисок, но тоа не значи и дијагноза на висок крвен притисок. Дијагноза е кога во тек на неколку мерења, измерите вредност над 140 односно над 90 милиметри на живиниот столб, и тоа е најважно мерењето дома. Преку 90% од пациентите со висок крвен притисок, се работи за висок крвен притисок со нејасни причини.Не може да се откријат причините, а поретко се работи за одредени хормонални пореметувања по заболувања на бубрезите. Она што е важно дека постојат повеќе ризик фактори, кои доплонително го зголемуваат крвниот притисок , а тоа е физичката неактивност, хроничниот стрес, кој не го мериме и не го гледаме, зголемено користење на внес на сол во исхраната , зголемената телесна тежина и друго, изјави Д-р Оливер Бушљетиќ, кардиолог од Аџибадем Систина.

Кардиолошкиот преглед со контрола на крвниот притисок , ЕХГ и ехо на срце се основните испитувања за откривање на високиот крвен притисок и негово правилно лекување.

-Добро регулираниот или пак лечен крвен притисок значи дека, кога ќе мерат дома пациентите најчесто ќе имаат притисок 120/130 со 70/80 милиметри живин столб. Основно е притисокот да се контролира, без разлика ние дали чувствуваме некои тегоби. Да се направат периодични кардиолошки прегледи , каде што не само да се испита крвниот притисок, тука да се испита и постоењето на други ризик фактори за срцево страдање. Аџибадем Систина со цел да им излезе во пресрет на граѓаните организира недела на високиот крвен притисок од 8 до 12 мај. Нуди промотивни кардиолошки пакети , вели д-р Бушљетиќ

Високиот крвен се јавува кај повозрасната популација, но со модерниот начин на живот, исхраната, стресот сè почесто од оваа болест заболуваат и помладите.

– Пациентите кои што имаат висок крвен притисок ќе го имаат цел живот. Тој бара доживотно негова регулација . А добра регулација значи кога се дома, кога се мери притисокот тој да биде повеќе пати измерен со вредност 120/130 големиот , односно 70/80 малиот. Предрасуда е дека високиот крвен притисок е на бабите и дедовците.Се повеќе и повеќе младите страдаат од висок крвен притисок, вели д-р Бушљетиќ

Д-р. Бушљетиќ со совет: Правилниот стил на живот и превентивните прегледи се првиот чекор кој што треба да се направи за правовремено и правилно откривање на висок крвен притисок, и не само на високиот крвен притисок туку и на сите ризик фактори кои влијаат врз нашето здравје.