Високиот род или друга причина за ниската цена на зелката

0
1170

Тезгите на пазарот во Битола денеска преполни со роба.Зелката се продаваше од 20 до 30 денари за парче. Според статистиката во втората половина на март понудата на сезонски зеленчук на зелените пазарите се зголемила. Во најголеми количини била застапена зелката, со што и цената била пониска за 17 % во однос на лани.Трговците велат дека зелка има но нема кој да ја купува.

– Луѓето немаат пари, и затоа не купуваат, а голем удел има ниската откупна цена од струмичко од каде што ја увезуваме, вели трговец

– Немаат луѓето пари, нема кој да купува, возрасните изгледа не јадат зелка, а пак младите ги нема, иселени се од градот, вели трговец

И купувачите го делат мислењето со трговците. Не паметат, како што велат дека некогаш толку била евтина зелката. Се сеќеваат дека ланската година ова време пред зелката ја купувале за цена од 50 денари за парче.Сепак поради ограничениот буџет кој што го имале не можеле се да си дозволат да си купат

– Многу е евтина цената,тешко на земјоделците,маката што ја работат за да ја произведат зелката не им се исплатува, вели купувач

Статистиката вели дека пад на цената има скоро кај сите видови на зеленчук, што се должи на поволните времнекси услови за производство на рано градинарски култури, а незначително поскапи се само пиперките за 0,6 %