Високите температури носат ризик од појава на пожари

0
308

Со зголемувањето на температурите, се зголемува и мобилноста на противпожарната единица. Токму затоа од единицата апелираат до граѓаните да бидат претпазливи.

-Строго е забрането палење оган на отворен простор. Пожарот никогаш сам не настапува, вели Костадин Поповски, командир на ТППЕ Битола.IZJAVA KOCO

Поповски вели дека досега нема зголемен број интервенции.

-Засега немаме интервенции. Но исто така редовно имаме и едукации за граѓаните и со ловните друштва, чии објекти се наоѓаат во шумите, се надеваме дека ќе дадат резултати, вели Поповски.MAJA POZARNA

Поповски вели, како непишано правило е кога температурата се качува над 36 степен, веројатноста за појава на пожар максимално се зголемува.