Високо загадување во Битола

0
628

Многу високо загадување во центарот на Битола покажа денеска во 13 часот мерната станица Битола 2,  а средно загадување покажаа мерните инструменти во истото време во инсудтсрискиот дел на Битола.
Податоците од мерната станица Битола 2 во центарот на градот синока во 23 часот покажуваат високo загадување со ПМ 10 честичките.  Кај Битола 1 во истото време, загадувањето е средно.

ДОМ бара Владата итно за момент да ја остави предизборната кампања, да погледне на мерните инструменти за воздухот, да се распраша за бројот на заболени од респираторни и кардиоваскуларни болести и да прогласи вонредна состојба со загадувањето.
Ова е потег што Владата треба да го направи, а не одговорноста да ја префрла на локалните самоуправи, велат од ДОМ.