Вистинска летна атмосфера на 4-тото издание на Summer Beach Festival во Штип

0
481

По четврти пат Angels Caffe во Штип доби плажа.
Summer Beach Festival 4-тото издание, тотално го трансформираше добро познатото Angels Caffe.
На фестивалот се внесува песок и сите потребни реквизити за на момент присутните да се чувствуваат како да се на плажа.
Сè започна на 7-ми август и во наредните два дена функционираше како вистински бич бар.
Искуството е веќе големо од минатите години па посетеноста и оваа година беше над повеќе од 7.000 млади луќе како од државата така и од надвор.
Фестивалот од година во година се повеќе расте и се развива.
Оваа година атмосферата ја направија 19 диџеј сетови на реномирани диџеј имиња како од земјава така и од САД, Грција и Србија меѓу кои Василе, Нести, Гоце САФ, како и Латин Принц кој дојде директно од Њујорк.
Многу коктели, дневни и ноќни забави, меѓу кои пена парти, колор бич парти, многу позитивна енергија и квалитетна музика. Тоа е она што го направи доживувањето поголемо.
Со завршувањето на овогодинашното, четврто по ред издание на Summer beach festival, заврши и годинешното Штипско културно лето.