Вистинско музичко уживање со Исмаил Лумановски и Македонската филхармонија

0
511

Концертот насловен „Клецмер фешта“, во Скопје, на македонскиот и светски виртуоз на кларинетот, Исмаил Лумановски, заедно со Македонската филхармонија , беше вистинско музичко уживање за сите присутни во салата.

Концертот беше под диригентска палка на маестро Дорон Саломон од Израел.

Лумановски премиерно во Македонија го изведе Концертот за кларинет од современиот полски композитор Влад Мархулец, што беше атракција за македонската музичка публика.

Лумановски е на светската музичка мапа како еден од најдобрите кларинетисти од поновата генерација музичари.

Тој со македонската филхармонија настапуваше уште на 13 годишна возраст.

За композиторот Мархулец вели- Со композиторот заедно студиравме на ’Џулијард‘ и имавме можност да се дружиме и да ги споделуваме музичките идеи. Ова дело прв пат го изведов со оркестарот на ’Џулијард‘ во 2008 година кога тогаш беше и финализирано.

Исмаил Лумановски подолго време е инспириран од т.н. клецмер музика. Оваа музика, на некој начин, е блиска со македонската фолклорна музика. Затоа ваквата мешавина во класичен инструментален состав е многу атрактивна“, вели Лумановски.

Исмаил на крај на бис ја изведе Ајде слушај слушај калеш бре Анѓо, ја посвети на неговиот професор Панде Татарчевски.

Лумановски на овогодинешното издание на Златна бубамара на популарноста, ја доби наградата за музички маестро на годината .