Визијата за Македонија на Точак испратена до партиите

0
304

Во пресрет на Парламентарните избори, НаТочак-Скопје заедно со Битола НаТочак, Прилеп НаТочак, ГостиварНаТочак, ТетовоНаТочак, СтрумицаНаТочак и Штип НаТочак испрати документ до политичките партии со име „Визија за Македонија на точак“.

screenshot-from-2016-11-25-11-46-26
„ По анализа на достапните изборни програми за Парламентарните избори 2016, се чувствуваме должни да реагираме. Урбаниот велосипедизам речиси комплетно е изоставен од нивните програми. Велосипедот, доколку воопшто е спомнат, е речиси исклучиво дел од проектите за спорт, рекреација или туризам“ велат од Битола на Точак.

screenshot-from-2016-11-25-11-46-42
Од таму велат дека со оглед на сите проблеми со кои се соочуваме како општество, сметаат дека е крајно време сериозно да му се пристапи на проблемот и урбаниот велосипедизам да се стави примарно во категорија транспорт и да му се посвети должното внимание заедно со другите начини на одржлив транспорт (пешачење и јавен превоз).

screenshot-from-2016-11-25-11-46-53

Неколку години во Скопје, Тетово, Гостивар, Битола, Прилеп, Струмица и Штип укажувале на предностите од поголемо користење на велосипедот во сообраќајот и потребата од соодветни инфраструктурни и безбедносни предуслови за промената да се случи.
„ Нивните предлози и барања во континуитет ги комуницираме пред сè со институциите на локално ниво (градските власти), потоа со надлежните министерства и други институции на национално ниво (ДЗС, РСБСП итн).
Конкретните сообраќајни планови се врзани за локалната самоуправа и затоа планираме да го направиме истиот потег и во контекст на локалните избори. Но законската рамка, правилниците, буџетот, како и работата на некои државни институции е повеќе работа за Парламентот и извршната власт на национално ниво.
Затоа, решивме да Ве контактираме како партија која фигурира на избирачкиот список за Парламентарните избори во 2016-та со цел да посочиме конкретни
предлог мерки кои може да Ви послужат како основа за дополнување на Вашата програма“ велат од таму.