Визите за Турција во ЕУ остануваат барем до 2017 година

0
425

Визите за турските граѓани во ЕУ остануваат барем до 2017 година .

Преговорите меѓу Анкара и Брисел за укинувањето e vo застој, соопштува германски „Bild“.

Главната причина е неподготвеноста на Анкара да ги исполни условите на ЕУ. Една од најважните такви е гарантирањето на уставната заштита на новинарите и критичарите на владата.

Германските власти веќе не сметаат дека безвизниот режим за турските граѓани кои влегуваат во ЕУ, ќе почне да дејствува од 1 јули 2016 година, бидејќи Анкара не може да ги исполни сите потребни услови за тоа до крајот на годината.

Преговорите не можат да завршат и до крајот на јуни 2017 година, сметаат германските владини кругови. Камен на сопнување останува промената на антитерористичките закони, која категорично се отфрла од претседателот Реџеп Ердоган.

Во овие закони треба да се содржи и член, според кој новинарите или критичарите на власта не можат да бидат гонети по судски пат без конкретни факти или причини.

Во петокот, 20 мај, министрите за внатрешни работи на земјите од ЕУ се согласија за механизам за суспензија на дејството на безвизниот режим со земјите кои не се дел од ЕУ. Овие мерки можат да бидат преземени за сите договори за либерализација на визниот режим меѓу ЕУ и другите земји. Слични планови можат да го зголемат притисокот врз Турција.