Вклучисе, набљудувај!- кампања на ЦИВИЛ

0
334

Вклучисе, набљудувај!, ова е пораката што невладината Цивил им ја кажа на битолчани каде што ја претставија кампањата „Сите за слободни избори“ , со цел јакнење на јавната свест за гласачкото право и придонес кон создавање услови за слободни избори

civil derala

-Нашите ставови се дека многу малку време остана за организирање на слободни избори , со толку лоши институции кои што се партизирани. Ние сметаме дека сите граѓани заедно можеме да придонесеме со тоа што ќе бидеме активни и со тоа што ќе ги набљудуваме изборите , ќе ги набљудуваме сите процеси и ќе пријавуваме на институциите и на невладината Цивил секакво нарушување на законските и демократските стандарди, така ќе придонесеме кон јакнење на институциите и на довербата во изборниот процес, изјави Џабир Дерала, претседател на Цивил

На организаторите од Цивил им се приклучија и од Здружението за нас се работи

baltovski

-Со овој настан сакаме да дадеме придонес и да ги поттикнеме и охрабриме граѓаниете да гласаат слободно. Сметаме дека во овој процес не смееме да останеме настрана затоа што граѓанинот е маргинализиран, односно е ставен на последните скалила на општеството, изјави Илија Балтовски, Здружение За нас се работи

Цивил пред битолчани презентираше и видео содржини и печатен материјал во кои што битолчани беа повикани за поддршка на слободните избори.

Кампањата „Сите за слободни избори“ е дел од проектот „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“ кој го имплементира Цивил – Центар за слобода во соработка со повеќе организации и иницијативи на граѓанското општество. Проектот е финансиран од Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.