Владата ги стопира рекламите по медиумите

0
156
Владата става мораториум на комерцијалните реклами во медиумите-ова денеска го соопшти министерот за информатичко општество Иво Ивановски на дебатата за владиното рекламирање организирана од Здружението на новинари. Според министерот ова е гест на добра волја.
Според првиот човек на ЗНМ трошењето на јавни пари за финансирање на медиумите и начинот на кој тие егзистираат го диктира степенот на слободата и професионалноста на нивната уредувачка политика.
Претседателот на Агенцијата за медиуми пак ги демантира збирните податоци за милионските суми потрошени во медиумите кои ги објави ЗНМ. Јулскиот извештај на агенцијата, според него ќе ги покаже реалните бројки.