Владата ги укина сите правни акти на министрите на СДСМ

0
394

Владата за спроведување на изборите одлучи да бидат поништени противзаконските и еднострано донесени правни акти на министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика, кои се донесени во периодот од 11.11.2015 година до 07.04.2016 година.

Одлучувањето на Владата е направено врз основа на Законот за Владата во законска постапка, појаснуваат од таму, а се повикуваат на Законот за Владата, во кој се вели дека Владата има право и должност да укине или поништи пропис или друг акт на министерствата, органите на државната управа и управните организации, кој не е во согласност со Уставот, законот или друг пропис на Собранието, односно пропис на Владата, и врз основа на овој член Владата дејствуваше.

„Врз основа на официјални информации и акти кои беа доставени и разгледувани во законска процедура, беше констатирано дека министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика, со противзаконски и еднострано донесените акти ги повредиле и работеле спротивно на членот  46 ставовите 2 и 3 од Законот за Владата, а во врска со членот 47 од Законот за Владата. При носењето на овие еднострани и противзаконски акти министрите не ги почитувале законите, односно не ги донеле овие акти во согласност со дополнителниот заменик министер, не ги консултирале дополнителните заменици министри и на овие акти кои Владата им ги поништува нема потпис од дополнителниот заменик министер, од што произлегува дека тие акти се незаконски донесени и се спротивни на Законот за Владата и затоа Владата ги поништи овие нивни акти“, соопштија од Владата.

Владата наложи во Министерството за внатрешни работи и во Министерството за труд и социјална политика да се воспостави претходната состојба каква што била пред донесувањето на наведените противзаконски и еднострани акти, кои Владата ги поништи./крај/мф/бб

Без коментари

LEAVE A REPLY