Владата го задолжи МВР да поднесе барање за јавна набавка на униформи за полицајците

0
266

Владата вчера на седница усвои информација за потреба од набавка на униформи за припадниците на полицијата. Владината прес-служба соопшти дека Владата го задолжила Министерството за внатрешни работи да поднесе барања за добивање согласност до Советот за јавни набавки за спроведување јавни набавки за повеќе делови од униформата за припадниците на полицијата.

Во врска со оваа точка, Владата донесе одлука да му се укаже на Советот за јавни набавки, поднесените барања од Министерството за внатрешни работи во однос на униформата за полицијата, согласно закон да ги разгледа во пропишаниот рок и да донесе одлуки во рамките на утврдените законски надлежности, стои во соопштението.

линк

Без коментари