Владата ја ангажираше АРМ

0
486

Граѓаните на Македонија да не шират непотврдени информации во врска со пожарите кои се активни во моментов, апелираше вечерва владиниот портпарол Миле Бошњаковски, бидејќи, како што рече, темата е сензитивна и порача да се следат информациите коишто пристигаат од државните институции.

– Последните информации говорат дека пред еден час односно до 20 часот вечерва пожарот е сеуште активен во Лутовец и во правец месноста наречена Брдо и Сува Гора. Има тенденција за ширење кон атарот на село Здуње и село Требовље во близина на првите куќи – истакна Бошњаковски.

Информираше дека двата хеликоптери на АРМ биле на располагање цело време и дека тие сеуште се ангажирани по барање на Дирекцијата за заштита и спасување каде што учествуваат во гаснење на пожарите во Требовље, а од денеска и во Брезница.

– Во текот на денешнот ден активирани се дополнително два пешадиска вода од четвртиот баталојн на АРМ од Кичево кои се веќе на терен. Таму се наоѓа и командантот на Здруженате оператива команда ЗОК, генералот Зоран Милевски. Вкупно има 60 официери и војници на АРМ кои на терен се справуваат со гасење на овие пожари – рече Бошњаковски.

Потенцираше дека ниту еден од ангажиранит луѓе нема да биде повлечен се до целосно гаснење на пожарите. Портпаролот на Владата на РМ информираше дека во моментов тече 18. владината седница и дека првата точка на дневен ред е да се свика Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи кои ќе ги разгледаат овие информации околу пожарите посебно за ситуација околу Македонски Брод.

http://plusinfo.mk

Без коментари