Владата ќе се задолжи со 100 милиони евра

0
329

Денеска ќе се одржи аукција на државни хартии од вредност. Државата на домашниот пазар ке се задолжи со 100 милиони евра. Мнозинството во ДИК по  неколку часа расправа, одлучи дека овој заем нема да влиае на изборнито процес со што го отфрли ветото поднесено од дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов.

-Сите што си ја заработиле платата мора да ја добијат и не зависат од волјата на Груевски. СДСМ нема да дозволи банкрот и чоколади за корупција и изборна измама, изјави Заев.

-Ингеренциите да не се злоупотребуваат на сметка на стопанството и граганите. Можноста за вето е врзано со изборниот процес а аукциите се редовна активност, рече Ставрески.

-Граѓаните разбираат, сите слушаат, прават разлика, гледаат дека се создава, за нив се земаат кредити, дека домакински се работи, рече Груевски.

Ветото што го поднесе дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов се однесуваше на утрешната аукција на државни записи и обврзници со рочност од 3,6 и 12 месеци,10 и 15 години а оваа недела за вракање доспеваат 62 милиони евра.

Без коментари

LEAVE A REPLY