Владата не се откажала од крстот во Бутел

0
476

Синоќа немало вонредна седница на Владата и нема одлука за наводно анулирање на одлуката на Советот на општина Бутел за поставување на крст, демантираат од Владата. Ова е целосна шпекулација, велат од таму.

Вчера порталот на албански јазик Албеу објави, а повеќе медиуми таа информација и ја пренесоа, дека на вонредна седница Владата ја поништила општинската одлука за поставување крст.

Синоќа градоначалникот на Чаир Изет Меџити, организаторот на протестот против поставувањето на крстот и организатор на кампот, изјави дека неговата партија ДУИ одлучила да го прекине кампирањето на местото каде што е предвидена изградба на крст во знак на почит пред денешниот христијански празник Задушница.

Вчера група граѓани од населбата Бутел дојдоа на 500 метри од кампот поставен кај кружниот тек каде што беа стотина активисти на ДУИ. Граѓаните од македонска етничка припадност беа спречени од полицијата да дојдат до кампот.

 Активистите на ДУИ синоќа почнаа да го растураат кампот. Од ДУИ најавија дека ќе продолжат институционално да го решаваат проблемот и со помош на меѓународната заедница.
www.mkd.mk