Владата објави оглас за директор на АД „Водостопанство на РМ“

0
1109

Од први октомври стартува со работа Акционерското друштво „Водостопанство“, кое ќе управува со сите системи за наводнување, па Владата објави оглас за извршен директор.

Новоформираното друштво ќе ги преземе дејностите кои се во надлежност на досегашните водостопански претпријатија, снабдувањето со вода за наводнување и одводнување на земјиште, изградба и тековно и инвестициско одржување на системите, како и справување со предизвиците кои се однесуваат со климатските промени.

Централизацијата на 12-те водостопанства се очекува да ги надмине слабостите во системски, технички, финансиски и организациски апсект. Годишно ќе се вложуваат по 20 милиони евра за модернизација и развој на системите а акцент ќе биде ставен и на навремено чистење на каналите кои и при помало невреме предизвикуваа поплави.

Заменик министер за земјоделие, Ванчо Костадиновски, рече дека со центализираната работа на подружниците се зголемува ефикасноста на работата, а ќе мора да испраќаат и годишне план за работа и да се придржуваат до него.

„Со почетокот на работата на АД ‘Водостопанство’, водостопанските претријатија кои постојат и водните заедници кои се уште се актуелни, ќе бидат затворени. Целата инфраструктура што е во нивна сопственост ќе премине во целосна надлежност на АД ‘Водостопанство’ на Република Македонија”, информираше Костадиновски.

Според објавениот оглас за директор, кој трае до 31 месецов, кандидатите треба да имаат одлично познавање на англиски јазик, работа со компјутери и да поседуваат петгодишнио искуство во областа на градежништвото, финансиите, правото или земјоделството.