Владата од денеска ќе почне со назначувањето на членови во управните и надзорните одбори

0
463

На денешната седница на Владата ќе почне назначувањето членови на надзорните и управните одбори кои неодамна беа разрешени. После ова ќе треба да почне и именувањето на нови директори во државните компании и институциите.

Претходно, во еден ден беа разрешени 1.500 членови на надзoрните и управните одбори.

Тогаш Владата соопшти дека причина за разрешувањето била да се спречат натамошни штети по буџетот, „бидејќи има информации дека управните одбори дозволувале потпишување менаџерски договори со директорите за исплата на огромни надоместоци во случај ако бидат разрешени“.

Без коментари