Владата од домашните кредитори позајми 27 милиони евра

0
1222

Државата вчера се задолжи 27 милиони евра, речиси 3 милиони евра повеќе од планираното. Министерството за финансии на вчерашната аукција на државни хартии од вредност издаде шестмесечни државни и 12 месечни записи и обврзница со рок на доспевање од 15 години.

По основ на досепани долгови, денеска на кредиторите треба да им врати 7,8 милиони евра. Од Министерството соопштија дека задолжувањето на домашниот пазар се прави за да се обезбедат средства за покривање на дефицитот по наниска каматна стапка.

Претходно, министерот за финансии, Драган Тевдовски изјави дека ќе го скрати бројот на задолжувања на два пати месечно, но дека владата ќе се насочи повеќе кон домашни задолжувања. За еврообврзницата сеуште се прават анализи.