Владата се задолжи со нови 9,2 милиони евра

0
359

Министерството за финансии  дополнително се задолжи на домашен терен. Од комерцијалните банки преку аукции на државни хартии од вредност и обврзници се задолжи со 9,2 милиони евра. На аукцијата беа понудени 3 и 6 месечни записи и 15 годишни обврзници. Веќе утре според календарот на Министерството за финансии, владата во стопанството треба да врати 18,3 милиони евра. Вкупниот јавен долг заклучно со крајот на 2015 година, изнесува 46,5 отсто од бдп или 4,2 милијарди евра.