Владејачката коалиција победи на парламентарните избори на Норвешка

0
170

Норвешката премиерка Ерна Сулберг и нејзината десноцентристичка коалција доцна синоќа прогласија победа на парламентарните избори во Норвешка.

Според прелиминарните резултати, владејачката коалиција составена од конзервативната партија Десница (Хојре), Прогресивната партија,, Христијанската народна партија и либералната партија Левица (Венстре) освои 89 пратеници во норвешкиот Парламент, што брои 169-места.

ДПА јави дека норвешката владејачка коалиција истакна оти успехот што го постигнале е резултат на нивната работа како сплотена екипа.

– Добивме поддршка за уште четири години, бидејќи го направивме она што го ветивме, нагласи Сулберг во Осло, заблагодарувајќи се на членовите на нејзината партија.

Сулберг е првиот премиер од редовите на конзервативците што е реизбран на функцијата од 1985 година, што се оценува како доказ за нејзината популарност.