Владиката демантира дека бил приведен во Австралија

0
541

По пласираните информации во некои интернет портали дека Владиката Петар бил приведен во полициска станица во Мелбурн, експресен демант од Владиката Петар кој што тврди дека бил само на 20 тина минути во полициска станица каде што давал изјава за некој случај поврзан со клеветење на игуменот Гаврил со игуменот Никодин. За настанот за кој што бил испрашуван Владиката Петар изјавил дека во тој период не бил во Австралија и не знаел ништо за случајот, по што бил пуштен . Владиката најавува судска постапка за креаторите на овие невистини, како и за оние невистини пласирани во јавноста дека наводно имал италијански пасош и милионски суми евра во италијански банки.