Владиката Петар: Не може комуна да се јави како сопственик

0
950

Владиката Петар вели дека не може комуна да се јави како сопственик на имотот и дека тој останува во сопственост на самата црква.

-Сопственик на црква не може да биде некоја комуна или било кој, зашто ни во почетокот не била сопственик. Сопственост на таа црква била црквата, оние кои се обиделе да ја префрлат на комуната тие ја направиле грешката, а не ние. Ние велиме дека имотот останува на црквата која е под јурисдикција на МПЦ.  Ако некој сакал да приграби имот на име на комуна или на друго, тоа е сосема погрешно. Ние не дозволуваме ако некоја црква треба да биде црква да носи име на комуна, здруженија, организации, компани. Епархијата може да им издаде документ дека црквата е влашка  тоа не го оспоруваме, но имотот ќе остане на име на црквата, рече меѓу другото Владиката Петар.

Без коментари

LEAVE A REPLY