Владимир Четкар наскоро во Битола

0
2011

Познатиот џез-музичар, композитор и гитарист со светска кариера Владимир Василевски – Четкар, кој долги години живее и работи во Њујорк, ќе настапи во Битола, по повод патрониот празник на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола,
1100 години од упокојувањето на Св Климент.

Неговата работа е позитивно оценета од страна на познати музички личности како Џорџ Бенсон, Масео Паркер и други.

Зад него е и богата дискографска кариера, но ги преферира настапите пред публика. Музичката критика за него дава спектакуларни критики и го позиционира како еден од најнадежните имиња во џез – соул и фанк жанрот во светот. Тој е активен изведувач во живо и учествувал на разни меѓународни фестивали и клубови низ Европа и САД. Кариерата од ден во ден му е во нагорна линија.

Неговата кариера е позната насекаде во светот, за неговата музика и авторски труд објавиле престижни списанија, музички куќи и телевизии во Америка и во други држави. Минатата година во Англија негов албум беше прогласен од Soul Brothers Records за еден од најдобрите за 2015 година.

Џез-музичарот во септември го објави видео-записот за неговиот нов сингл „Times go by“ кој се најде на неговиот втор студиски албум „Heavenly“. Спотот е во режија на Боби Дојчиновски, а поголемиот дел од сцените се снимени на улиците во Менхетен, Њујорк .

Од септември оваа година до март 2017, се одржува големата турнеја низ Азија.

Во тимот музичари за турнејата низ Азија вклучува соработници од САД, но и музичари од Македонија и од земјите во кои ќе гостува.

Четкар во САД е од крајот на 1990-тата. Во 2001 дипломирал на Универзитетот Беркли и оттогаш самостојно ја гради својата кариера. Покрај во Њујорк, каде што настапува на престижниот Блу ноут џез-фестивал, музиката ја презентира во повеќе земји и на специјализирани национални радија.

Концертот во Битола ќе се одржи на 2-ри декември во Центарот за култура со почеток од 19 часот.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY