Владимир Четкар со фантастичен концерт пред Битолчани

0
420

Владимир Четкар настапи во Битола во рамките на Битолското кулутрно лето.

На плоштадот Магнолија приреди фантастичен концерт, кој долго ќе се памети.

Концертот во Битола е во рамките на неговата балканска турнеја.Оваа година тој настапи на еден од најголемите џез фестивали во регионот

Нишвил, кој се одржува во Ниш, Србија.

Во Битола претстави дел од своите авторски композиции,а публиката која цело време играше и прекрасно комуницираше со бендот, секоја завршена песна ја наградуваше со громогласен аплауз и овации, што допринесе за една максимално позитивна и енергична атмосфера.