Владо Јаневски со настап во летниот клуб Позитив

0
687

Владо Јаневски викендов гостува во Битола, каде што вo петок, 11 -ти август, ќе има настап  во летниот клуб „Позитив“.

Минатото лето Јаневски ги изненади своите обожаватели со видео спот за песната „Ајде води ме“,  а сега во истиот период промовира нова песна насловена „ Последна заблуда“.
Станува збор за балада чија музика и текст се на самиот Владо, аранжманот е на хрватскиот композитор Никша Братош, а пак продукцијата е на Валентино Скендеровски.
Присуствувајте на оваа летна романтика во Позитив.
Битолчани уште еднаш ќе имаат можност во еден глас да ги пеат неговите најголеми хитови, Е, ама јас те сакам тебе, Чаирска романтика, Од овој ден,  Булки, Ако не те сакам, Некогаш и негде, Еден бакнеж и многу други.