Властите дозволија да се породи 11-годишно девојче силувано од очувот

0
246

Девојче на возраст од 11 години од Парагвај се породи откако забременила по силување од нејзиниот очув и откако и било одбиено да абортира. Тој случај предизвика широки критики во таа држава за забраната на прекин на бременоста.

Директорот на болницата изјави за локални медиуми дека со царски рез е родено здраво девојче и оти се минало без проблеми.

Според парагвајските закони абортусот е дозволен само во случаи кога е загрозен животот на мајката.

Во тој случај, Комисијата составена од лекари, психолози и судски претставници утврдиле дека животот на девојчето не бил загрозен.

Тоа предизвика силни критики на групите за човекови права и на ОН. Очувот е уапсен и чека судење, а мајката е обвинета за немарност.

Во Парагвај секој ден се породуваат две девојчиња на возраст меѓу 10 и 14 години и тие случаи често се  поврзани со сексуално насилство. Според податоци на здравствените служби, околу 600 девојчиња помлади од 14 години забременуваат секоја година во Парагвај, држава со 6,8 милиони жители.

Без коментари

LEAVE A REPLY