Влијаеме на развојот на децата преку музика

0
575

Гете тврдел дека музиката нуди чиста радост и конкретна корист. Тој во еден од своите романи ќе запише: “Пеењето е прв степен на образование. Се останато се надоврзува на него и низ него се соопштува. Наједноставното уживање, како и најпростата наука се оживува и се обликува низ пеење. Дури и она што го пренесуваме од нашата вера и обичаите на поколенијата се кажува со пеење.
Заради тоа, од се’ што може да се замисли, ја избравме музиката како елемент на нашето воспитување.
Токму поради тоа Националната установа – Универзитетска библотека „Св.Климент Охридски“ – Битола, започна да го реализира проектот „ Слушај музика и биди среќен“, поддржан од министерството за култура на Република Македонија.
Втората фаза од проектот се одржа преку работилници со професорката Марина Коруновска од средното музичкото училиште од Битола и Центарот за ран детски развој „Бонбончиња“.
Композиторот Лудвиг ван Бетовен музиката ја нарекол „најголемото откритие“, поголемо од сите мудрости на филозофијата. Таа, според него го чини човекот поплеменит и среќен и во него развива љубов не само спрема она што е убаво, туку и спрема заедницата воопшто.
Музиката ги обединува децата, ги поврзува меѓусебно, особено зближувајќи ги со личноста преку која тие дознаваат за неа. Музиката во детскиот живот внесува радост, опуштеност и воодушевување. Со своите звуци и вибрации музиката го збогатува емоционалниот живот на детето и го оплеменува. Преку разновидни музички дејности ќе влијаеме врз развојот на диспозициите за музика и во истовреме да ги развиваме целокупните интереси кај детето.

Со промовирањето на катчето за музикалии се влијае на развојот на децата од најмала возраст.
Од големо значање е создавањето на нивниот интерес за музиката. Во рамките на проектот децата слушаат музика од различни жанрови.
Одделот за музикалии при библиотеката располага со касети, плочи, цд-а, двд-а и други музички материјали кои можат да се користат од страна на читателите.