Влошување на состојбата со поплавите во Тексас

0
444

Ситуацијата со катастрофалните поплави во американската држава Тексас се очекува да се влошува во наредниве денови поради силните и изобилни дождови. Во најнаселениот град Хјустон веќе паднале над 75 сантиметри дожд откако ураганот Харвеј го зафати брегот на Тексас пред неколку денови. Во некои места водата веќе достигна до покривите на еднокатните домови, а некои патишта се веќе претворени во реки. Пред неговата посета на Тексас американскиот претседател Донаклд Трамп вети „сто процентна поддршка“ за оние што се погодени од ураганот Харвеј. Тој додаде дека Тексас се соочува со „долг и тежок пат“ на обнова, пишува Радио Слободна Европа.

 

Без коментари