ВМРО ДПМНЕ бара опозицијата да го предложи новиот јавен обвинител

0
284

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, денеска на прес-конференција побара Републичкиот јавен обвинител да биде предложен од страна на опозицијата и наместо со просто мнозинство, тој да се избира со двотретинско мнозинство.

Како што рече тој, целта била со ова да се постигне поголема инклузивност.

Според досегашното решение, Јавниот обвинител се избираше на предлог на Владата.

Реакцијата на Димовски следи откако денес на седница на Собранието се очекува да биде разрешен досегашниот прв човек на Јавното обвинителство, Марко Зврлевски, по предлог на Владата и поткрепено со позитивно мислење за разрешување од Советот за јавни обвинители.