ВМРО-ДПМНЕ денеска на Мечкин Камен го одбележа Илинден

0
1836

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ денеска положи цвеќе пред споменикот на Илинденците на Мечкин Камен. Во делегацијата беа дел од новите членови на Извршниот комитет на партијата, новиот генерален секретар Христијан Мицковски и други. Членот на извршниот комитет и пратеник Антонијо Милошоски рече дека тоа го правеле денеска, ден пред Илинден поради неколку причини.

„Прво затоа што сметаме дека овој Илинден е премногу важен, за на истиот да дадеме легитимитет за нелегално избрани функционери.

Второ, затоа што имаме огромна чест како партија, која што ги полага своите корени на историското ВМРО, како современа генерација да им одадеме почит на паднатите жртви за Крушевската Република, која што е темел на современа Република Македонија.

И трето, ги повикуваме повторно сите наши членови, симпатизер и граѓани кои сметаат дека оваа порака е соодветна да се воздржат од давање на легитимитет на прослави организирани од владата на СДС и ДУИ, затоа што цениме дека можно е со такви некои одлуки кои што го иритираат народот, како одлуката на господинот Џафери да се обрати тука на Мечкин Камен, да се создадат некои услови или некој да смислил некои намерни инциденти кои што можат да ја нарушат честа и достоинството на Илинден, како еден голем македонски слободарски празник“ рече Милошоски.

Без коментари