ВМРО ДПМНЕ: ДИК да одржи јавна седница

0
372

ВМРО-ДПМНЕ бара ДИК да оддржи јавна седница на која би присуствувале претставници од сите 4 политички партии за да се утврди дали постојат можности да се добијат услови за одржување избори на 24 април.

Пратеникот и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски вели дека само така ќе се разрешат дилемите кои се појавија во јавноста за тоа дали има доволно време целосно да се заврши оваа процедура.