ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА договараат избори да има на 5 јуни?

0
468

Избори на 5 јуни, а ако СДСМ тоа не го прифати тогаш терминот за редовните парламентаарни избори е по две години. Неофицијално, ова е одговорот кои трите политички партии (ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА) го подготвуваат по неуспехот во петокот (15 јануари) на преговорите за спроведување на договорот од Пржино.

„Сега веќе е до партиите да го постигнат решението – повикајте нѐ кога ќе бидете подготвени. Брисел е подготвен да ги понуди сите капацитети на ЕУ за избори, но треба да се делува брзо затоа што Европа има поголеми маки од Македонија, не треба да се заборава кризата со бегалците и тероризмот”, изјави по неуспехот на преговорите еврокомесарот Јоханес Хан.

Овој предлог денеска би требало да биде искоординиран со СДСМ, по што би требало да се разјасни дали договорот од Пржино е сѐ уште актуелен или не.

Главната пречка сега е пречистувањето на Избирачкиот список. Сите се согласни дека за прашањето за медиумите, јавниот сервис и Агенцијата за медиуми, лесно може да се постигне согласност.

Без коментари

LEAVE A REPLY