ВМРО-ДПМНЕ е исклучиво за заедница помеѓу еден маж и една жена

0
1212

„ Бракот е заедница исклучиво помеѓу еден маж и една жена. Така било, така е и така треба да остане.

На Македонија не и требаат експерименти со исто полови бракови или посвојување на децата без родители од страна на двојки од исти пол.

Без никаква дебата и без никакви аргументи, власта предводена од СДС и ДУИ на јавноста вчера кукавички и го подметна предлогот за легализација на хомосексуалните бракови, кој може да биде вовед во идно овозможување на посвојување на деца без родители од хомосексуални двојки.

Граѓаните не гласаа за исто полови бракови или отворање на можност хомосексуални двојки да посвојуваат деца. Ваквите законски измени ги немаа во своите програми ниту СДС, ниту ДУИ и затоа ние цениме дека е подмолно пост изборно да се подметнуваат вакви законски решенија.

ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против индивидуалните слободи и изразување на сексуалната определба се додека тоа е согласно со закон. Според законот за семејство Член 6: „Бракот е со закон уредена заедница на живот на маж и на жена во која се остваруваат интересите на брачните другари, семејството и општеството. Односите помеѓу брачните другари се засноваат врз слободна одлука на мажот и на жената да склучат брак, врз нивната рамноправност, меѓусебно почитување и заемно помагање“ рече Благица Ласовска од ВМРО ДПМНЕ.