ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да излезе на избори и во јули и во октомври

0
368

„ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш јавно го покажа својот став дека почетокот на јули беше најповолниот датум за одржување на локалните избори, бидејќи во интерес на граѓаните е час поскоро да изберат локална власт која ќе реализира проекти за нивните потреби.

Парламентарното мнозинство сметаше дека нивен партиски интерес е да го пролонгира терминот и практично да го избере последниот што сметавме ние дека е рационален. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да излезе на избори и во јули и во октомври бидејќи знаеме дека народот е на наша страна и ја поддржува политиката која подразбира реформи, проекти и заштита на државните и националните интереси.

Очекуваме дека новото парламентарно мнозинство овој пат ќе си остане на зборот, бидејќи во спротивно ризикува поради нивната неподготвеност да ја доведат во прашање локалната самоуправа како една врвна демократска придобивка и право на граѓаните“ велат од партијата.