ВМРО-ДПМНЕ го блокира Собранието

0
347

СДСМ обвинува дека опозицијата се обидува да ја блокира работата на Собранието. Партиите, вели Петре Шилегов, биле на координација со претседателот на Собранието и се договориле денеска да завршат со изборот на заменик-секретарите, измените на Кривичниот законик во делот на Суперкупот и да го усвојат извештајот за работата на Агенцијата за администрација. ВМРО-ДПМНЕ, според него, сега не се држи до договорот и прави опструкции.

– Вчера и денес сте сведоци на обидот на ВМРО-ДПМНЕ да направи дисфункција на работата на Собранието. Вчера ги спречивме да опструираат да не се донесе извештајот на Комисијата за финанасирање и буџет. Претседателката на Комисијата одби да го потпише извештајот произлезен од неа. Во таков случај мнозинството членови на комисијата, според Деловникот, го потпишаа извештајот – тврди Шилегов.

Од СДСМ велат дека тие ќе продолжат со работа и доколку од ВМРО-ДПМНЕ продолжат со истата динамика, како што велат, на опструкции, ќе преземат мерки кои им се овозможени со Деловникот. Шилегов не откри што конкретно подразбира тоа.

http://makfax.com.mk

Без коментари