ВМРО-ДПМНЕ го осуди нападот врз Тодоров

0
342

По вооружениот напад врз поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека подолг период наназад предупредувала на последиците од насилството што го промовирале СДСМ и нивните „невладини, соросови сателити“.

„Сега јавноста може да ја види катастрофата од деструктивната политика која следи како нуспродукт од насилничкото враќање на животот. Зоран Заев најавуваше дека „ќе се пука“ и дека „живи луѓе ќе јадел“. Тоа се неговите реформи. Тоа е начинот на кој што го враќа животот. На првиот ден од доаѓањето на власт сведоци сме на подмолен, вооружен напад врз министерот Никола Тодоров. Никола Тодоров благодарение на присебноста успеа да го избегне атентаторот“, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата на Никола Груевски, СДСМ и Заев долго време го подготвувале теренот за ваквиот монструозен акт.
„Долго време го напаѓаа и навредуваа Тодоров нарекувајќи го „Министер смрт“. Таканаречената „Шарена револуција“ и СДСМ долго време ширеа хистерија и повикуваа на насилство. Одговорност мора да има“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.