ВМРО-ДПМНЕ го повикува МНР да ги осуди изјавите кои го негираат македонскиот идентитет

0
588

„ Не престануваат антимакедонски, негаторски и понижувачки изјави на одредени официјални лица од Бугарија.

Во своите настапите еден европратеник и еден директор на државна институција директно го навредуваат македонскиот народ, а од македонска страна нема никаква реакција. Министерството за надворешни работи има обврска да го штити угледот на државата и македонскиот народ, а досега гледаме само молк и замижување кое уште повеќе ги стимулира ретроградните структури кои го негираат постоењето на македонскиот народ.

Последен е нападот врз највисоката научна установа, која од директорот на Националниот Историски Институт во Бугарија беше претставена како инструмент во рацете на Заев и не смее да се впушти во коментари на договорот кој е постигнат во Софија, особено на најавите за бришење на учебниците или тврдењата дека Македонија и Бугарија имаат заедничка историја.

Претседателот на МАНУ, академик Таки Фити е директно повикан да ги демантира овие тврдења, но МНР има обврска да побара да престанат омаловажувањата на македонската држава и институции.

Не престануваат антимакедонски, негаторски и понижувачки изјави на одредени официјални лица од Бугарија. Во своите настапите еден европратеник и еден директор на државна институција директно го навредуваат македонскиот народ, а од македонска страна нема никаква реакција. Министерството за надворешни работи има обврска да го штити угледот на државата и македонскиот народ, а досега гледаме само молк и замижување кое уште повеќе ги стимулира ретроградните структури кои го негираат постоењето на македонскиот народ. Последен е нападот врз највисоката научна установа, која од директорот на Националниот Историски Институт во Бугарија беше претставена како инструмент во рацете на Заев и не смее да се впушти во коментари на договорот кој е постигнат во Софија, особено на најавите за бришење на учебниците или тврдењата дека Македонија и Бугарија имаат заедничка историја. Претседателот на МАНУ, академик Таки Фити е директно повикан да ги демантира овие тврдења, но МНР има обврска да побара да престанат омаловажувањата на македонската држава и институции“ рече Зоран Илиоски од ВМРО ДПМНЕ.