ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ преговараат за излез од кризата?

0
810

Двете најголеми македонски политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во четвртокот имале тајна средба, чија цел била надминување на кризата и одржување избори на 5 јуни, велат партиски извори од двата табора. Според неофицијални информации, во четвртокот била остварена тет-а-тет средба меѓу двајца високи партиски функционери од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, но сe уште не се знае точно што се разговарало на средбата. За неа од партиите не сакаат да коментираат, објави весникот Вест.