ВМРО-ДПМНЕ: Изборите поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера

0
349

Македонија покажа дека е демократска држава. ВМРО-ДПМНЕ им честита на граѓаните и на изборот кои тие го направија, изјави по завршувањето на денешните избори Иво Котевски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ , известуваат од порталот мкд.мкд

„Граѓаните масовно излегоа на гласањето и покажаа дека го посакуваат крајот на оваа двегодишна криза предизвикана од СДСМ. Изборите поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера без никакви сериозни инциденти. Граѓаните без никакви притисоци слободно ја изразија својата воља, демократски гласаа за понудите на политичките партии и ја избраа онаа понуда за која оценија дека нуди попросперитетна иднина за Македонија“, рече Котевски