ВМРО-ДПМНЕ ја прекинува соработката со Ванхауте

0
575

ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да престане да соработува со посредникот Питер Ванхауте.

„Одлуката се базира на неговите навреди кон ВМРО-ДПМНЕ и претставниците на партијата кои учествуваа во преговорите, како и континуираните омаловажувања кон народот и Република Македонија. ВМРO-ДПМНЕ долго време го толерираше неговото несоодветно однесување, делумно и заради фактот што после секоја изречена навреда или омалуважување, Ванхауте се извинуваше како маче. За жал веднаш по барањето да му биде простено, следеа нови испади и нови навреди кон ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните.“, пишува во сооштението на партијата.

Заради овие причини, ВМРО-ДПМНЕ веќе нема да учествува на состаноци на кои што ќе присуствува и Питер Ванхауте. Што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, Питер Ванхауте од денеска е турист во земјава и може да му препорачаме да го посети Музејот на македонската револуционерна борба, велат од партијата.